Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАТНИЦИ ОД ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦ: Оваа траума ќе ја памтиме цел живот

ПАТНИЦИ ОД ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦ: Оваа траума ќе ја памтиме цел живот

Благодарни им сме на сите кои ни помогнаа кога ни беше најпотребно. Дома се враќаме со траума која нема да ја заборавиме цел живот, но ќе памтиме и многу добри луѓе од Србија кои покажаа голема хуманост и пожртвувавност.

Ова за српски „Новости“ го кажала една од повредените патнички од автобусот кој во неделата утрото слета од авто-патот во близина на Печењевац. Набрзо потоа таа е отпуштена на домашно лекување од лесковачката Општа болница.

Во несреќата во која автибусот со македонски регистарски таблици на релација Битола - Виена излета од патот и се преврте се повредени 32 македоснки државјани, а три лица загинаа.

Сите пацеинти, сместени на одделенијата во нишкиот Клинички центар и лесковачката Општа болница успешно се опоравуваат. Од Лесковац веќе во текот на неделата, со приватни возила, во своите домови заминале четири лица. Во вечерните часови на истиот ден е проганизиран превоз за уште 14 патници кои локалната самоуправа привремено ги сместила во еден лесковачки хотели.


ФОТО: Informer/D.K.

Слично

Поврзани вести