Економија, финансии, бизнис

Контакт

Патнички воз со дваесетина патници излетал од шини во Скопје

Патнички воз со дваесетина патници излетал од шини во Скопје

Во текот на вчерашниот ден пријавено е дека околу 08.25 часот на влез на железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани-Велес – Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб.

Во незгодата нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Железничкиот сообраќај во правец Скопје – Велес бил во прекин повеќе од 5 часа, односно некаде до околу 14.00 часот.

Како што објави „СДК“, во возот имало дваесетина патници, но дека нема повредени и причинета е мала материјална штета затоа што брзината на движење била мала.

Техничка екипа на МЖ Инфраструктура проверува дали причината за излетувањето е топлото време и проширените шини или крадците кои украле шрафови од пругата.



Слично

Поврзани вести