Патиштата се враќаат во нормала - Проодни се и Деве Баир и Пресека
По навејувањето на снег на повеќе патни правци низ државата, полека се расчистува и сообраќајот може да се одвива во подобри услови со проодни патишта.
Сега нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир. Забраната за сообраќај е укината попладнево.
Сообраќајот за тешки товарни возила е нормализиран и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека. Забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината во 13.45 часот.
Слично
