Патиштата се проодни, но наместа со магла
Според најновите информации на АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Магла со видливост од 100 до 150 метри има кај Страцин.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Слично
