Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пат кон цензусот: Финиш на изборната кампања

Пат кон цензусот: Финиш на изборната кампања

По деновите, кои поради празниците, претседателските какндидати ги поминаа без позначајни активности, почнува финишот од кампањата. Остануваат уште пет дена до изборниот молк, а вториот круг на изборите ќе се одржи во недела на 5 мај. Во вториот круг влегоа Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. 

Еден од нив ќе стане претседател ако на гласање излезат најмалку 40 отсто од гласачите запишани на единствениот избирачки список или 723.253 гласачи од вкупно запишаните  1.808.131 гласач и ако освои мнозинство од тие гласови. Доколку не се исполни цензусот изборите ќе се сметаат  за неуспешни и ќе треба претседателот на Собранието да прогласи нови избори.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, вчера изјавија дека се убедени во поголема излезност во вториот круг од претседателските избори. Успешни избори очекува и лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

„Следен претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска-Давкова и самото тоа дава одговор на вашето прашање дека очекувам да има цензус во вториот круг на 5 мај“, вели Христијан Мицкоски. 

Ахмети, вели дека партијата го дава максимумот за што поголема излезност на 5 мај.

„Јас мислам дека на 5 мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака до меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ. Не е точно дека ние како ДУИ немаме силна кампања“, вели Ахмети.

Заев од Струмица рече дека успехот на изборите е државна одговорност, како на власта, така и на опозицијата, но и на граѓаните.

„Изборите треба и мора да бидат успешни за да продолжиме напред. Нашата земја е на вистински пат, и по тој пат чекориме, тоа го чувствуваме веќе дома, за тоа зборува целиот свет, и тоа е патот од кој што враќање назад нема“, изјави Заев.



Слично

Поврзани вести