ПАСОШИ, ВОЗАЧКА, ЛИЧНА КАРТА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОДИГНАТ И УТРЕ: службите ќе работат за празникот, еве каде и до колку
Иако е државен празник, сепак, и во текот на утрешниот ден ќе работат службите при Министерството за внатрешни работи за издавање на документи.
Како што информира од МВР, утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
- Во Скопје, во МРТВ и „Беко“, управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот - се наведува во соопштението на МВР.
Слично
