ПАСОШИ И ЛИЧНИ КАРТИ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ И ДЕНЕСКА: МРТВ и „Беко“ ќе работат до 16 часот
Министерството за
внатрешни работи информира дека денеска Одделот за граѓански работи, односно
сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на
МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на
граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот.
Слично
