Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пасош добиле само 17 отсто од тие кои побарале во итна постапка

Пасош добиле само 17 отсто од тие кои побарале во итна постапка

Комисијата што одлучува за издавање на пасоши додека нема патни исправи одобрила да се издадат само нешто над 80, додека до нив стасале над 477 барања. Ова значи дека само 17 отсто од барателите успеале да го добијат пасошот. Инаку комисијата одлучува позитивносамо во случај на итност која не може да се помести - како на пример лекување.

Фактор има информации дека во моментов има останати уште околу 3.000 обрасци за пасоши, што значи дека само уште толку може да се издадат.   

Инаку вчера министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира. 

„Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира“ – вели Чулев.

Се очекува порано од 24 март да пристигне првата пратка со пасоши. 

Засега се издаваат пасоши само во итни случаи.

Слично

Поврзани вести