Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиско знаме на градинка - дали се работи за обид за оцрнување?

Партиско знаме на градинка - дали се работи за обид за оцрнување?

Наместо државното знаме, вчера над детската градинка „8 Март” во Скопје се вееше партиското знаме на ВМРО-ДПМНЕ, објави А1он.

Родителите од детската градинка се револтирани, затоа што децата од мали им се трујат со партиски симболи. Тие потенцираа дека Денот на македонската револуционерна борба е државен празник и не смее партиски да се присвојува.

Од градинката „8 март“ денеска испратија соопштение за знамето на ВМРО-ДПМНЕ кое вчера беше сликано поставено на нивниот објект.

„Во нашето долгогодишно работење сме покажале и докажале дека дословно ги почитуваме сите закони, вклучително и законите за истакнување знамиња на празници, односно неистакнување на знамиња со партиски одбележја. Оттука сметаме дека вчерашниот настан е монтиран случај со кој се сака да се оцрни успешното работење на градинката и градоначалникот на општината“ - се вели во реакцијата. 

Тие го осудуваат овој настан и велат дека се работи за политички сценарија. 



Слично

Поврзани вести