Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРТИСКИОТ ПОРТПАРОЛ СО ПОДДРШКА ЗА МИЦКОСКИ - Димса за сегашниот лидер да продолжи да ја води партијата

ПАРТИСКИОТ ПОРТПАРОЛ СО ПОДДРШКА ЗА МИЦКОСКИ - Димса за сегашниот лидер да продолжи да ја води партијата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, вели дека му дава безрезервна поддршка на неговиот партиски лидер Христијан Мицкоски, за избор за уште еден мандат на чело на партијата. 
„Република Македонија заслужува модерни политики, кои ќе ја вратат на патеките кон заедништвото, без поделби, силен економски просперитет и развој, како и креирање политики за нашата иднина и иднината на нашите деца.

Христијан Мицкоски има таков план, има трпение, знаење и енергија за сите заедно во иднина да го реализираме сето тоа и како генерација политичари да оставиме зад себе, а пред се, да ја поставиме иднината на државата на здрави нозе и да ја градиме понатаму.

Последните избори се резултат дека политиките и мудроста на Мицкоски во овие најтешки времиња (изминатите пет години), граѓаните ги препознаа како победнички и вистински за иднината на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.

Моја безрезервна поддршка за Претседателот Мицкоски да продолжи да ја води ВМРО-ДПМНЕ во нови победи и она што е најважно, да продолжи како и до сега да не отстапува од принципите“, напиша Димса Арсовски на својот фејсбук профил.

Инаку, Христијан Мицкоски засега е единствен кандидат за лидер на  ВМРО-ДПМНЕ - до партиските органи на оваа партија пристигнала кандидатирата потпишана од 50 делегати за Мицкоски.

Слично

Поврзани вести