Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРТИСКИ РЕВАНШИЗАМ Е ОДЗЕМАЊЕТО НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕРТИФИКАТ НА ЧУЛЕВ - Мицкоски му дава целосна поддршка на својот сопартиец

ПАРТИСКИ РЕВАНШИЗАМ Е ОДЗЕМАЊЕТО НА БЕЗБЕДНОСНИОТ СЕРТИФИКАТ НА ЧУЛЕВ - Мицкоски му дава целосна поддршка на својот сопартиец

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја суспензијата од Агенцијата за разузнавање на партискиот предлог на ВМРО ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада, нагласи дека му дава целосна поддршка на Наќе Чулев.

-Изговорот е дека Чулев бил екстремист и радикал, а тој секогаш бил во првите редови за Македонија. Одземањето на безбедносниот сертификат е политичка нарачка. Чулев е врвен професионалец кој повеќе од 25 години работи во безбедносните структури, штитејќи го уставниот поредок и безбедноста на Македонија. Тоа парче хартија кое се пишува во политичките кабинети на безбедносните служби е само хартија каде по партиска директива и со мериторно мислење се прави партиски реваншизам“, вели меѓу другото претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Слично

Поврзани вести