Партиски препукување во Центарот за социјални работи Гевгелија
Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска реагирало до Центарот за социјални работи Гевгелија за партиски ангажман и агитирање од страна на вработени.
Министерката имала средба со сите вработени и со директорот на Центарот, Лазо Трајков, при што им укажала на вработените дека во текот на изборниот период Центарот не смее да се злоупоребува во партиски цели од припадник на која било партија.
– На директорот на Центарот, му беше посочено дека две лица, вработени во ЦСР Гевгелија, меѓу кои и кандидатката за советничка на ВМРО ДПМНЕ, Ангелина Петкова, се посочени од страна граѓани дека на терен вршат париска агитација кај наранливите категории во општината и дека тој како надлежен треба да преземе соодветни мерки за да ги спречи злоупотребите – се наведува во соопштението од МТСП.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ се пожалија дека Царовска вршела притисок врз вработената која имала политички ангажман надвор од работното време и место што и загарантирано уставно право.