Партиски активисти директно се жалеле кај Груевски за работа
Партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ директно се жалеле кај тогашниот премиер Никола Груевски тој да им помогне да се вработат, може да се заклучи од СМС-пораките кои денеска на рочиштето за изборни измами познато како случајот „Титаник“ на СЈО.
Тогашниот претседател на Владата пред парламентарните избори во 2011 и’ препраќал СМС-пораки на тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои тој ги добил од членови од партија, кои биле незадоволни дека не се вработени во МВР.
„Господине Груевски, Ве молам помогнете ми. Од 2006 година чекам вработување во МВР, имам поминато на општински комитет, но вработија друг“, гласи една од пораката, која ја пренесе Макфакс.
„Се случува хаос со вработувањата. Бев на советничка листа, но не можам да дојдам на ред за вработување. Вработуваат роднини“, пишува во пораките што ги добил Груевски, а тој ѝ ги препраќа на Јанкулоска.
