Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партијата на Стевчо Јакимовски и официјално ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на Стевчо Јакимовски и официјално ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ

Централниот Одбор на партијата ГРОМ донесе одлука за официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. 

Тие ќе делуваат опозициски и ќе се подготвуваат за самостоен настап на следните парламентарни избори. Во работниот дел на седницата на Централниот Одбор на Граѓанска Опција за Македонија ГРОМ донесе одлуки за комплетирање на работните тела и раководните органи на паријата. 

„Вчера се одржа седница на Централниот Одбор на ГРОМ. Членовите на ЦО одлучуваа по неколку важни точки кои беа на дневен ред, а се однесуваа на дејствувањето и позиционирањето на ГРОМ на политичката сцена како и идните чекори на партијата и избор на раководни тела на партијата“, информираат од оваа партија.

Стевче Јакимовски, претседателот на ГРОМ неодамна во телевизиското гостување во Студио 10 на ТВ24 рече дека лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски „заслужил да му мавне бокс“.

Слично

Поврзани вести