Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партијата на Села обвини дека функционери на ДУИ ги краделе парите во ПИОМ

Партијата на Села обвини дека функционери на ДУИ ги краделе парите во ПИОМ

Oд Алијансата на Албанците велат дека парите од придонесите за пензиско осигурување на вработените што не се префрлени во вториот столб на пензиското осигурување, а најверојатно биле украдени од страна на функционери на ДУИ. 

Потенцираат дека тие 10 години управуваат со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија како единствен надлежен орган за собирање пари за пензиски придонес.

Од таму обвинуваат дека ДУИ преку свои директори во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои раководеле со оваа институција повеќе од една деценија, ги оштетиле граѓаните за 19 милиони евра, пари наменети за вториот столб на пензиско осигурување.

„Последниот скандал за криминал и корупција на високи функционери на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е тој што го откри Министерството за труд и социјална политика во врска со злоупотребата на придонесите во пензискиот фонд на РМ за 12.000 вработени во јавниот и приватниот сектор во периодот 2007-2018 година. Ја потсетуваме јавноста дека во овој период со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија раководеле следните директори на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири и актуелниот директор Шаип Зендели, заедно со нивните блиски соработници, кои што побргу треба да бидат изведени пред лицето на правдата и да ја добијат заслужената казна“, велат од Алијансата за Албанците.

Овој скандал, додаваат од партијата, кој е само еден од многуте досега неоткриени скандали, потврдува дека ДУИ веќе 16 години преку свои функционери ги краде своите граѓани, дури крадејќи им ги и нивните пензии, непростливо кривично дело кое не може да се толерира. Го прашуваат премиерот Зоран Заев, дали со овој коалициски партнер ќе ја зачлени земјава во ЕУ и НАТО и ќе ги исполни барањата на ЕУ кои стојат во извештајот за напредок од 2018 година, каде што главна точка е борбата против корупција. 

Кривична пријава против непознат сторител поднесе Министерството за труд по скандалот со непрефрлањето на придонесите за пензиско осигурување. Се бара одговорност зошто 12.000 граѓани не биле воопшто распределени во еден од фондовите.

Слично

Поврзани вести