Партијата на Села го задржува Гостивар, и ќе управува со Дебар
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на вечерашната прес конференција изјави дека партијата го задржува градоначалничкото место во Гостивар и истовремено го добива и Дебар.
„Ги освоивме Гостивар и Дебар, победивме во првиот круг, додека во 5 други општини одиме во вториот круг, ќе има втор круг. Верувам дека заедно со граѓаните ќе можеме да го зголемиме бројот на општини предводени од албанската опозиција“, рече Села.
Слично
