Партијата на пензионери со став за референдумот
Партијата на пензионери (ПП) како дел од Коалицијата „Излези ЗА Европска Македонија“ соопшти дека го поддржува позитивното изјаснување на референдумот на 30 септември за прифаќање на договорот од Преспа заради членување во НАТО и ЕУ.
Партијата ги повика своите членови и сите граѓани да ја увидат сериозноста на стратешката определба на земјата за зачленување во НАТО и ЕУ, и дека тоа е важен и патриотски чин за земјата.
Од таму велат дека активно ќе учествуваат во кампањата за убедување и остро се спротивставува на бојкотот „како недемократска форма“.
Тие го повикуваат Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија јда се изјасни со позитивен став.
Слично
