Партијата на Меркел не се сложува со почнување преговори во јуни
Партијата на германската канцеларка, Ангела Меркел смета дека е рано преговорите на земјава со ЕУ да започнат во јуни.
Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија да станат дел од Европската Унија, пишуваат странските медиуми.
Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ.
„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија.
Тој за ДПА изјави дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.
Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), се залага за брз почеток на преговорите.
