ПАРТИЈАТА НА КУРТИ НА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА „Самоопределување“ влегува во коалицијата на Меџити, Гаши и Касами
Партијата „Самоопределување“ на косовскиот премиер Албин Курти ќе биде четврта политичка партија во коалицијата Европски сојуз во Македонија и ќе учествува на претстојните избори. Ова денеска го најави Изет Меџити од партијата Демократско движење пред споменикот „Скендербег“ во Скопје на отворање на канцеларија на коалицијата.
„Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување“, изјави Меџити.
Во коалицијата влегуваат партиите Алтернатива, Беса, Демократско Движење и Самоопределување од Косово. Со косовската политичка партија Самоопределување ќе се води заедничка кампања и ќе има заеднички изборни листи.
Слично
