Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партијата на Костадинов лобирала за Германците да не ја гласаат резолуцијата за Македонија

Партијата на Костадинов лобирала за Германците да не ја гласаат резолуцијата за Македонија

Бугарска партија лобирала за Германците да не ја гласаат резолуцијата за Македонија.

Претседателот на бугарската политичка партија Преродба, Костадин Костадинов, денеска од говорницата на бугарското Собрание порачал дека во германскиот Бундестаг минатата недела била изгласана антибугарска декларација.  Костадинов потврдил дека од неговата партија „отишле да бараат партнери и сојузници во Бундестагот за да не биде прифатена резолуцијата“.

Тој изјави дека „би било соодветно секоја од бугарските политички сили да има однос кога вакво нешто се коментира на највисоко законодавно ниво, бидејќи тоа директно влијае на бугарската држава, на бугарските надворешнополитички интереси и пред сѐ на проблемот со нашите односи со Македонија и нејзината политика кон тамошните Бугари“.

„Големото прашање е зошто партиите кои овде во Парламентот имаат партнери во Бундестагот во линијата на европската соработка и во линијата на Европскиот парламент, не го направија истото, бидејќи јас сум убеден дека знаеле за оваа декларација. Зошто е тоа така, зошто нашата земја не го штити, а има можност да го заштити бугарскиот национален интерес и практично абдицира“, рекол Костадинов. 

Додал дека пред две и пол недели во Бундестагот имало посета на „огромна парламентарна делегација од Македонија, која лобирала токму за оваа декларација“.

„Во моментов се зборува дека Бугарија треба да се повлече дури и од т.н француски предлог, кој за нас беше крајно понижување“, изјавил лидерот на Преродба.

Вели дека ако и ова се дозволи, тоа ќе биде „уште поголемо национално предавство, најголемо во последните 33 години“.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ѝ најде нова забелешка на резолуцијата на германскиот Бундестаг затоа што во неа „никаде не се споменуваат Македонци“.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ плука по усвоената Резолуција на германскиот Бундестаг со којашто добивме силна поддршка на патот кон ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, посебност и култура.

Инаку, Костадинов даваше изјави во кои тврди дека Македонците и Бугарите се еден народ. 

Слично

Поврзани вести