Партијата на Бошкоски бара темелна истрага и Иванов да го даде мандатот
Од партијата на Љубе Бошкоски бараат темелна истрага за настаните во Собранието, претседателот Ѓорѓе Иванов да го додели мандатот, а Трајко Велјановски да ја отстапи функцијата на Талат Џафери.
Обединети за Македонија, во ЕУ и САД, гледаат пријатели кои истрајно и безусловно, се залагаат за цврста, стабилна, и просперитетна Македонија, пријатели кои заложувајќи се за Македонија, не ретко придонесувале за одржување на стабилноста на истата, стои во партиското соопштение.
„Цврсто сме уверени во ставовите, на ЕУ и САД, и бараме да не се опструира, работата на Собранието, по ниту еден основ, бидејќи сметаме дека тоа ја загрозува евроатлантската иднина на Македонија. Притоа ја повторуваме потребата од темелна и непристрасна истрага за „Црниот четврток” и бараме институциите да ја спроведат истата. Во оваа прилика, го повикуваме и претседателот Иванов, да го додели мандатот, за формирање на реформска Влада, и со тоа конечно да демонстрира државништво“ - велат од партијата.
Тие бараат и Велјановски да овозможи непрекинато преземање на претседателствувањето од страна на ново избраниот и меѓународно признат спикер.
