„ПАРТИЈАТА КОЈА ДВЕ ДЕЦЕНИИ ЈА УНИШТУВАШЕ ДОВЕРБАТА, НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ШИРИ ЛАГИ: Вреди со остра реакција кон опозиционерите
Помина речиси една година откако на посветениот политички субјект ВЛЕН му беше доверено да владее и да ги донесе промените што албанските граѓани во Северна Македонија толку упорно и со право ги бараа. Во овој период, ВЛЕН докажа преку работа и дела дека е коалиција на вистината, посветеноста и напредокот.
Ова го истакнаа од политичката партија Вреди - Влен, кои порано беа коалициски партнери од повеќе помали партии со доминантно албанска националност, како одговор на написите на опозициската ДУИ со кои деновиве преку медиумите често се „препукуват“
- Во исто време, ДУИ нон грата, партијата која две децении ја уништуваше довербата, ги блокираше надежите и злоупотребуваше моќ, не престанува да шири лаги, страв и пропаганда. Пред ВЛЕН да ја преземе власта, ДУИ нон грата се обиде да го исплаши народот со лаги дека Законот за употреба на јазиците ќе биде укинат, дека изградбата на Коридорот 8 ќе биде запрена и дека ќе следат регресија и институционален хаос.
Денес, по речиси една година влада на ВЛЕН, секој граѓанин може јасно да види: ниту една од овие лаги не стоеше. Законот за јазици е позагарантиран од кога било. Коридорот 8 е на вистинскиот пат со високи стандарди и без корупциски афери. Реформите одат напред, а Албанците се достоен дел од институциите - пишуваат во соопштението.
Воедно додаваат дека „лагите на ДУИ нон грата паднаа настрана. Она што остана од неа е само очаен опозициски глас кој живее со страв од правдата и сеќавањето на моќта што ја користеше за лично збогатување“.
- ВЛЕН не дојде да молчи пред клеветите. Тука сме да ја изнесеме вистината на виделина, еднаш засекогаш да ја одвоиме политиката на служење на граѓанинот од политиката на семејните кланови и сомнителните зделки.
Граѓаните веќе разбраа: минатото е ДУИ, сегашноста и иднината е ВЛЕН - заклучуваат на крајот.
