ПАРТИЈАТА ДЕСНА НА ПАЛЕВСКИ ОБЈАВИ НЕГОВО ПИСМО - тврди дека не е одговорен за злосторствата
Во јавноста партијата „Десна“ испрати наводно писмо кое е од Љупчо Палевски-Пачло, кој, пак, е првоосомничен за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Таму меѓу другото тврди дека не е одговорен за злосторствата кои му се ставаат на товар.
„Денес е 80-ти ден како сум во екстрадикциски притвор, со посебен интерес, а тоа значи САМИЦА, скоро 3 месеци без контакт со човечки суштества.
Комшиите ги гледам исклучиво додека шетаат во бетонска дупка од 50тина м2 помеѓу два блока ќелии, но повторно низ решетки.
Некако успеав да обезбедам АДВОКАТ, не оној по службена должност, туку професионалец кој си ја знае работата.
Адвокатот ми презентираше неколку одпринтани пресконферанции и интервјуа на министерот СПАСОВСКИ и потрчкото, Министерот за Правда Кренар Лога.
Бев шокиран од купиштата на ЛАГИ и манипулации од страна на СПАСОВСКИ кои лесно се докажуваат.
Атмосферата на ЈАВЕН ЛИНЧ која ја произведе министерот СПАСОВСКИ има неколкукратна политичка корист, токму за него како голем политички АУТИСТ од Куманово“, е почетокот на писмото.
