Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите се расправаат за загадениот воздух - во Тетово и Куманово алармантно

Партиите се расправаат за загадениот воздух - во Тетово и Куманово алармантно

Додека партиите се расправаат за загадениот воздух и за тоа кој е виновен и кој треба да преземе мерки и какви, во Тетово и Куманово денеска има алармантно аерозагадување. 

Тетово сепак е позагадено од Куманово, може да се забележи од апликацијата Мој воздух. 

Во Куманово има 85 ПМ честички на 100 микограми, а во Тетово 108 ПМ има на 100 микограми. 

Мерните станици на Министерството за животна средина во овие два града покажуваат многу високо загаден воздух, а ништо подобро не е ни Скопје. 

Скопје и Битола се високо загадени, а средно загаден е воздухот во Гостивар, Кочани, Струмица.


Ниско загаден е воздухот во Кавадарци, Кичево и Дебар. 

Синоќа Скопје на air visual беше 10 најзагаден град во светот, а денеска е 17 на листата. 

Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената, а Заев, Шилегов и Макрадули единствено што прават е омаловажување и замолкнување на граѓаните и невладините активисти, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа.

Слично

Поврзани вести