Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите поднесуваат приговори уште денес

Партиите поднесуваат приговори уште денес

Денес е последниот ден за партиите кои имаат план да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локланите избори. 

Утрово немаше ниту еден внесен приговор а вториот круг од изборите за градоначалници и покрај најавите.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

Слично

Поврзани вести