Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите неформално во Собрание, договорот за локални виси во понеделник

Партиите неформално во Собрание, договорот за локални виси во понеделник

Денешното присуство на претставници на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија било самоиницијативно и според засега неофицијални информации однапред да се постави основа за договор за локалните избори со оглед на тоа што мандатот на градочалниците и советите на општините истекува на 15 мај.

Затоа во понеделник треба да се одржи и формална координативна средба кај претседателот на Собранието Талат Џафери, но договорот за локалните избори засега виси во воздух бидејќи се уште постојат спротиставени ставови. ВМРО-ДПМНЕ не го признава Џафери како легитимен собраниски спикер и бара брзи локални избори налето заедно со нови предвремени парламентарни избори.

СДСМ пак, смета дека мора да биде доделен мандатот за нова влада на Заев што е уставна обврска на претседателот Иванов, за потоа да се распишат и локалните избори, како и да се постигне законски компромис до нивно одржување.


Слично

Поврзани вести