Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите ќе се обврзат на фер избори со потпишување на Кодекс

Партиите ќе се обврзат на фер избори со потпишување на Кодекс

Во текот на утрешниот ден е предвидено сите партии и коалиции кои ќе учествуваат на изборите на 11 декември да потпишат Кодекс со кој ќе се обврзат на оджување на фер и демократски избори со чист процес кој ќе ја опфати и предизборната кампања. 

Како и секогаш се очекува токму во текот на дваесетината дена на политичка кампања да се извади целиот валкан веш, да не се штедат навредите и нападите кон партиските опоненти, а на медиумите постојано ќе кружат партиските пораки. 

Затоа многу е важно да им се даде шанса на граѓаните слободно да го формираат својот политички став кој ќе го изразат преку гласање на 11 декември кога ќе се одбира новиот собраниски состав кој потоа ќе одбере мандатар за формирање на нова влада. Кампањата започнува од понеделник 21 ноември и ќе трае се до изборниот молк на еден ден пред изборите.


Слично

Поврзани вести