Економија, финансии, бизнис

Контакт

Партиите ја „изгазија“ првата недела од кампањата, еве каде денес ќе митингуваат

Партиите ја „изгазија“ првата недела од кампањата, еве каде денес ќе митингуваат

Политичките партии денеска ја заокружуваат првата недела од изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Тие ќе продолжат со претставување на своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе имаат голем митинг во Скопје.

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе одржат митинзи во Свети Николе и Велес.

Коалиција за промени и правда денеска ќе одржи митинг во Сопиште

Демократската партија на Албанците (ДПА) ќе има митинг во Чегране, Боговиње,  а Алијанса за Албанците ќе биде во Битола, Ресен и Крушево.


Слично

Поврзани вести