Партениј: Не одобруваме вадење бугарски пасоши
Епископот Антаниски Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител и член на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија објавува текст по повод „21 февруари“ – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се огласи во јавноста.
Во текстот владиката Партениј ги отфрла индиректно сите обвинувања дека тој пропагирал бугарофилство за што беше обвинуван на социјалните мрежи. Во написот тој дава аргументи за својата позиција во која порачува дека должност на секој Македонец е да ги штити македонската нација, држава и јазик и ги напаѓа националистичките сили во Бугарија за своите агресивни политики кон Македонците и Македонија.
- Во оваа насока се движат некои назадни и деструктивни постапки и барања во однос на неприродното и изнасилено создавање на бугарска национална свест во Македонија, преку одредени здруженија и лоби групи.
Ова, меѓу другото, се однесува и на злоупотребата на бугарските пасоши што ги поседуваат одреден број македонски граѓани, а кои во најголем дел, како што е општопознато, се извадени главно поради економски причини (што, секако, ние како Манастир не го одобруваме и сметаме дека е на штета на македонската државност) и крајно незначителен е бројот на оние кои меѓу нив навистина се чувствуваат како Бугари.
Во 21.век анахроно е да се мисли на настани што може да не вратат назад Денес, во 21. век, повеќе од анахроно е да се мисли дека историските настани можат да се вратат назад. Историјата го завршува своето движење и реалноста мора да се прифати, пишува во дел од своето обраќање Епископот.
Партениј наедно исто така демантира дека членови на Бигорскиот манастир поседуваат бугарски пасоши.
- Писмените можат да прочитаат, а паметните и да разберат. Тука би го додале и фактот (иако ова нешто влегува во личното и интимно право на секој граѓанин и не е задолжително да се објавува) – дека за разлика од многу „македонски виртуелни патриоти“, ниту еден член од нашето братство нема двоен бугарски или пасош на некоја друга земја, додава Партениј.
