Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пармаковска за Фактор магазин: Можеби не требаше да се случи Законот за јазици

Пармаковска за Фактор магазин: Можеби не требаше да се случи Законот за јазици

Можеби не требаше да се случи тој закон, начинот на кој се донесе, неговото спроведување некако сите нѐ затекна можам да речам, затоа што беше игнорирана пошироката јавност, првенствено беа игнорирани експерите, вели за  Фактор магазин, Фросина Пармаковска добитник на наградата Роман на годината за делото „Одбројување“. 

„Моето мислење е тоа дека беше некако донесен нетранспарентно, транспарентноста беше една од основните вредности за коишто се боревме сите коишто сакавме промени“ - вели таа. 

Во однос на учењето на албански јазик вели дека таа лично не би имала против. 

„Лично јас не би имала против, доколку тоа го дозволува  моето време“- вели Прмаковска.  

Прокоцкани се многу шанси и затоа сме моментално тука кај што сме, Македонија е многу мала и многу изолирана држава, но мислам дека сега не е моментот каде што треба да се занимаваме со прокоцканите шанси, туку да  гледаме како може сето тоа да се исправи, веле писателката за Фактор магазин. 

Слично

Поврзани вести