Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ РАБОТИ ЧЕТИРИ ДЕНА ПОВЕЌЕ: Џафери кажа кога ќе се распушти

ПАРЛАМЕНТОТ ЌЕ РАБОТИ ЧЕТИРИ ДЕНА ПОВЕЌЕ: Џафери кажа кога ќе се распушти

За четири дена се одложува распуштањето на Парламентот. 

Наместо на 12, Собранието ќе се распушти на 16 февруари. Ова го изјави собранискиот претседател Талат Џафери. 

Тој ова го кажа по консултациите со ДИК и по добиениот одговор дека за реализирање  на изборните дејствија се потребни 55 денови.

Џафери вели дека има доволно време партиите да се усогласат околу Законот за јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ има многу забелешки, и нема да даде поддршка за овој закон. 

Од ВМРО – ДПМНЕ пред неколку дена поднесоа  иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари, напоменувајќи дека на тој начин ќе се испочитува претходно договореното со другите политички партии. 

Од СДСМ одговорија дека ќе се испочитуваат изборните рокови, но и дека се потребни дополнителни 5 – 6 дена работа на Собранието за да се донесат измените во Изборниот законик и за Законот за јавно обвинителство.

Законот за ЈО е усовен од Владата и оди во Собрание со европско знаменце.

Слично

Поврзани вести