Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркинзите во Центар заглавени меѓу општината и град Скопје

Паркинзите во Центар заглавени меѓу општината и град Скопје
Градот Скопје си ги враќа назад паркинзите од општина Центар, Жерновски со став: Војната можеше да се избегне Од Јавното претпријатие Градски паркинг , на град Скопје, започна да ја отстрануваат хоризонталната и вертикалната сигнализација од како што велат, незаконските паркирашлишта на територијата на општина Центар. Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, на улицата каде што Град Скопје започна со уништувањето на општинските паркинзи изјави дека досега имал коректни односи со скопскиот градоначалникно, како што рече, нема да дозволи да се работи на штета на општината и на граѓаните. „Сторивме се за да ја избегнеме војната, која се очекуваше. Направив се затоа што војната можеше да се избегне и можевме да се договориме. Нема да дозволам владини и партиски интереси да владеат со општината, туку само законите“, изјави Жерновски. Од Центар велат дека без градежна дозвола Град Скопје стопанисува со паркинзите на низна територија за кои рече дека се дивоградби. Тој информираше и дека е побарана целосната документација од Градот за овие улици. „Крајно време е Град Скопје да каже колкави се комуналните такси за 2012 и дел од 2013 кои градот Скопје не сака да ги уплати на сметка на Општина Центар. Се надевам дека ќе преовлада разумот, но нема да потклекнеме. Јас ја прашав пред малку овластената инспекторка од Град Скопје зошто не го организирале паркирањето во изминативе 4 години, но не добив одговор“, истакна Жерновски. Од Скопје пак ги отфрлија ваквите обвинувања. „Сакаме да нагласиме дека Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ имаат валидна документација да стопанисуваат со сите паркиралишта што се во наша надлежност, што не е случај со претпријатието „Паркинзи на Општина Центар“. Во таа насока, сакаме да појасниме дека уште на 15 јуни 2012 година до Градот Скопје пристигна барање од Министерството за внатрешни работи, инспекторите на Град Скопје да преземат мерки за надминување на констатираната неповолна состојба со хоризонталната и вертикална сигнализација за обележување на паркинзите на ПОЦ, која што е поставена без дозвола. Од МВР побараа да му се наложи на ПОЦ да ги врати јавните површини во првобитната состојба“,велат од Градот.
Слично

Поврзани вести