Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркинзи на Општина Центар за чистење на сметот: Ги повикуваме сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат – придружете ни се!

Паркинзи на Општина Центар за чистење на сметот: Ги повикуваме сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат – придружете ни се!

Oд ЈП Паркинзи на Општина Центар ги повикаа граѓаните ако сакаат да се вклучат во расчистувањето на сметот. 

„Како што и сами знаете, сите сме соочени со сериозна криза - еколошка катастрофа која може да предизвика тешки последици врз здравјето, пред сè на децата, но и на сите нас, на домашните миленичиња, како и на целиот екосистем. Оваа состојба не се однесува само на територијата на Општина Центар, туку ја зафаќа и целата територија на град Скопје. Ние, ЈП ПОЦ како Ваш сервис кој првично е формиран за други намени, но постои и работи пред сè за да ви служи вам, во последниве недели се соочуваме со сè поголеми потешкотии при подигањето и депонирањето на насобраниот отпад, како и при спроведувањето на дезинфекција на просторите кои претходно беа затрупани со смет. Нашите хигиеничари, како што добро знаете, работат во повеќе смени – и дење и ноќе, секој ден, без прекин. Тие вложуваат надчовечки напори за да се надмине оваа тешка и сериозна состојба. Постапувајќи по заклучоците и насоките на Градоначалникот и Кризниот штаб на Општина Центар, упатуваме апел и искрена молба до сите Вас – до сите жители на Центар кои се во можност – да ни помогнат, за заедно и со заеднички сили што побрзо да ја надминеме оваа криза. Воедно, ги повикуваме и сите компании кои располагаат со соодветна механизација и опрема, да ни ја стават на располагање, со оглед дека моментално нашите ресурси не се доволни и не се предвидени за ваквата кризна ситуација“, се вели во соопштението. 


ЈП ПОЦ изготви дневен акционен план за денеска, со прецизен распоред на пунктови и точно определено време, кога и каде ќе бидат распоредени возилата и екипите.

Пункт 1

Локација: Монтажна гаража зад ТЦ „Буњаковец“

Време на почеток: 10:00 часот

Пункт 2

Локација: Фонтана „Лотус“ – Градски Парк

Време на почеток: 11:00 часот

„Ги повикуваме сите добронамерни граѓани кои сакаат да помогнат – придружете ни се! Пријавете се кај одговорното лице на пунктот и заедно со нашите екипи да дадеме свој придонес за почисто и поздраво опкружување. Ве замолуваме да бидете соодветно облечени и подготвени за работа на терен, а доколку имате алат или опрема што може да помогне во акцијата – понесете ја со себе. Да бидеме пример за солидарност и одговорност. Секој мал чекор значи многу кога сите чекориме во иста насока – кон почист и поздрав Центар!“, додаваат од претпријатието. 
Инаку, комунални возила од Куманово и Кавадарци деновиве помагаа за расчистување на сметот во Скопје. 

Слично

Поврзани вести