Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркингот зад зградите во Расадник е направен на црковно земјиште: Во „дворот“ на МПЦ е и дел од улицата

Паркингот зад зградите во Расадник е направен на црковно земјиште: Во „дворот“ на МПЦ е и дел од улицата

Земјиштето на кое е направен паркингот зад зградите во Расадник, како и дел од улицата Христо Татарчев – кракот кој минува околу зградите се сопственост на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Во официјалните документи е наведено дека земјиштето од 3989 метри квадратни го опфаќа речиси целиот паркинг.

Паркингот на овој дел од Расадник постои одамна, но пред речиси две години, Општината го прошири со уште еден дел, затоа што беше речиси невозможно да се најде паркинг во овој дел од Кисела Вода, првенствено за станарите.

Фактор праша во Општина Кисела Вода, дали имаат план, како ќе се постапи ако Црквата одлучи да гради на ова земјиште, но одговор не добивме.

Според базата на БИРН, „Верски имоти под лупа“, МПЦ има 11.381 имот кој е распределен на 101.203.334 метри квадратни низ Македонија. 

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести