Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркингот во Сити мол ќе се наплаќа од септември

Паркингот во Сити мол ќе се наплаќа од септември
До крајот на август ќе трае бесплатното паркирање во трговскиот центар Сити мол, а потоа ќе се воведе систем за наплата, објави порталот Плусинфо. Од трговскиот центар за порталот потврдиле дека од почетокот на септември граѓаните веќе ќе мора да плаќаат за користење на паркингот, но не прецизирале колкава ќе биде цената. Одлуката ја донела компанијата, а ценовникот не е утврден, но сепак од Сити мол велат дека може да се очекува цената за паркирање да биде пониска од просечната цена на паркиралиштата во Скопје. Бесплатниот паркинг беше токму една од предностите на Сити мол, која им овозможуваше на граѓаните без дополнителни трошоци да го посетат овој трговски центар, за разлика од останатите, каде паркингот се наплаќа.
Слично

Поврзани вести