Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паркингот во Охрид останува 100 денари

Паркингот во Охрид останува 100 денари

П „Билјанини извори” започна наплата на паркинг по повисоки цени кои важат за летниот период. Во строгиот центар паркирањето од еден час останува со истата ланска цена и ќе чини 100 денари.

Цената на еден час паркирање на јавните паркиралишта ќе изнесува 30 денари во зона Б, 40 денари во зона А и 100 денари во зона премиум.

Ваквата одлука ја донесе Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Овој ценовник ќе важу до 1 септември.


Слично

Поврзани вести