Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парижаните најмногу сакаат да гласаат за претседател на Македонија

Парижаните најмногу сакаат да гласаат за претседател на Македонија

Рекордно мал број иселеници се пријавени за гласање на претседателските избори на 21 април и на 5 мај. Досега пријавени се само 668, а регистирањето трае до 14 март, стои во извештајот на ДИК.

Ако се анализира по држави и по градови, најмногу за гласање се пријавени во амбасадата во Париз, Франција, потоа во Венеција и во Љубљана.

Ги нема ни традиционалните гласачи во Австралија. Во Канбера за гласање се пријавени само девет иселеници, а во Мелбурн 19. Во Тирана, Пекинг, Москва има само по еден пријавен.

Ова е досега најмала бројка споредено со минатите избори Во 2016 год, 20.629 гласачи се пријавиле за гласање во 41 дипломатско претставништво, а слична бројка имаше и на последните претседателски избори.


Слично

Поврзани вести