Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

Ново задолжување на домашниот пазар, што во превод значи дека позајмува буџетот од домашните банки, фондови и други инвеститори. 

Имено, на стартот на наредната недела на берзата ќе почнат да котираат нови државни обврзници издадени од државата.

Практично, таа се задолжила за вкупна сума од над 21 милиони евра, при што дел од парите ќе ги враќа после три, а другите после пет години.
Што значи дека веќе се прибегнува и на пократкорочни хартии од вредност, за разлика од претходно кога доминираа главно 15 годишни обврзници.

Односно, издадени се тригодишни државни обврзници на сума од 4,13 милиони евра, кои се со девизна клаузула, ќе се вратат во 2027 година во декември, а нивната каматна стапка е 3,55 отсто. Таа е пониска од причина што е помала рочноста, односно пократок тајмингот кога треба да се вратат позајмените пари. 

Втората издадена обврзница е на пет години, односно парите ќе се вратат во декември 2029 година. Затоа нивната камата е 4,2 отсто годишно, и тие се државна обврзница без девизна клаузула. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести