Парите од нафтата се „исушија“ - Саудиска Арабија прв пат издава обврзница
Саудиска Арабија планира за прв пат во својата историја да издаде државни обврзници во вредност од 17.5 милијарди долари кои ќе бидат наменети за интернационални инвеститори, а траншите ќе бидат многу вредни со тоа што ќе понудат највисока стапка на камата од 1.7% повисока од Американскиот трезор.
Со овие средства кралството Саудиска Арабија планира да ги намали последиците од падот на цената на нафтата како и да го покрие огромниот буџетски дефицит кој е оптоварен со големи градежни проекти во Голфскиот залив, но и низ Европа, особено во Босна и Херцеговина.
Покрај издавањето на интернационална државна обврзница Саудиска Арабија планира да ги намали субвенциите, да ги зголеми даноците и да воведе построга фискална политика, но без главните инвестициски проекти да претрпат измени.
