Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парите ќе ми ги дадат по набавката: Србинот Лакушиќ е со досие и тврди дека ги набавува руските вакцини за Македонија

Парите ќе ми ги дадат по набавката: Србинот Лакушиќ е со досие и тврди дека ги набавува руските вакцини за Македонија

Никола Лакушиќ, Србин кој живее во Швајцарија во изјава за Ал Џезаира тврди дека е посредник на руските вакцини Спутник-В за Македонија. За телевизијата изјавил дека е единствен кој има договор со рускиот инвестициски фонд со кој гарантира испорака на вакцината Спутник В за Македонија, БиХ , Алжир и Бугарија. Тој ги потврдува и условите од договорот според кои тој прифатил сукцесивно плаќање. Парите ќе ги прими по пристигнувањето на вакцините.

БиХ веќе нарачала половина милион дози од вакцината преку посредникот и компанијата „Медимпекс“.

„Се декларирав преку фирмата „Медимпекс“ која учествуваше на третиот тендер за набавка на вакцините и уредно и законски ја добив работата со агентски договор со важност од шест месеци, до јули оваа година, вели Лакушиќ.

Инаку Лакушиќ има досие во Србија, затоа што во минатото се поврзувал со некои криминални активности. СЕпак тој вели дека проблемот го прави власта и претседателот Александар Вучиќ.

“Јас сум на мета на режимот на Вучиќ и неговите медиуми, кои ми креираа досие со цел да ме дискредитираат бидејќи се судривме околу поголеми бизниси и застапништва во светот, тврди Лакушиќ.

Ги негира шпекулациите дека набавката се вржи преку сомнителна компанија во Швајцарија.


Слично

Поврзани вести