Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парични казни за продажба на мелено месо и плескавици со пилешко како свински и говедски

Парични казни за продажба на мелено месо и плескавици со пилешко како свински и говедски

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во маркети низ земјата открила мелено месо за ќебапи и плескавици со пилешко кое било декларирано како свинско, говедско или мешано (говедско и свинско). 

По тој повод, спорното месо е повлечено од продажба, а операторите со храна се парично казнети - со по 5.000 евра како правен субјект, односно со по 1.700 евра одговорните лица во компанијата.

Операторите не знаеле дека се земени мостри за анализа. Испитувањето е повторено уште еднаш, директно од производствената линија. Резултатите тогаш се потврдиле уште еднаш. Според тврдењата на директорот Зоран Атанасов, сменет е начинот на земање мостри. Прво, се прават проверки во продажба, а потоа кај операторот. 

Тој исто така информира дека е утврдена и спречена и друга манипулација - продавање механички обработено пилешко месо декларирано како мелено. Месото било увезено од Грција, а откриени се и производи во кои има масти од растително потекло, а не се декларирани. Тие призводи се повлечени од продажба, а операторот е соодветно санкциониран.


Слично

Поврзани вести