Парична награда за медицинските лица кои останале повеќе на работа поради автобуската несреќа
Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе им се исплатата дополнителни финансиски средства на медицинските лица кои останале повеќе од редовното работно време за да им помогнат на триесетината повредени од фаталната автобуска несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници.
„Парични награди ќе им дадеме на сите здравствени работници што беа вклучени во процесот на лекување на повредените во автобуската несреќа. Тоа ќе биде наша следна активност“, изјави Филипче за „Независен“.
Повредените беа пренесени во Ургентниот центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“ како и во ГОБ „6 Септември“. Повеќето се пуштени на домашно лекување, едно лице почина по две операции, додека неколку се уште во критичка состојба.
