Парична казна за директорот и училиштето во Радовиш за верскиот обред
Казна од 1.600 евра за училиштето и 1.120 за директорот, најави државниот просветен инспекторат за училиштето во Радовиш каде беа вршени верски обреди, а истовремено и градоначалникот на општината ќе добие укажување да го смени раководното лице.
Директорот на државниот просветен иснпекторат за „Сител“ вели дека одлуките се донесени и одговорноста за овој случај ја има директорот.
Според комисијата за односи меѓу верските заедници, кој го оцени настанот како недозволиво однесување на поединци, порачаа дека секуларноста мора да биде разберена на вистински начин и да му биде гарантирана на секое дете.
Ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училиштето каде локален оџа вршеше верски обред. Видеото објавено на социјалните мрежи предизвика бура од реакции кај локалните жители, а најзагрижени се родителите на учениците.
