Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАРИ КРИЕЛЕ ВО ПЛИКО, НО И ВО ВНАТРЕШНИ ЏЕБОВИ - Цариниците со „богата“ парична заплена, откриени и златни плочки

ПАРИ КРИЕЛЕ ВО ПЛИКО, НО И ВО ВНАТРЕШНИ ЏЕБОВИ - Цариниците со „богата“ парична заплена, откриени и златни плочки

Цариниците откриле два обиди за внес на поголема сума на странски валути, при што како што откриваат фотографиите парите сакале да ги внесат скриени во плика во прегради од автомобили, или пак по подзаскирени џебови. 

Но, тоа не е се, напротив царински службеници и мобилни царински тимови заплениле 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки.

- Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин, на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади денари.

Во друг случај царинските службеници од Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на багаж на патник, македонски државјанин, кој допатувал со лет од Лондон пронајдоа два лаптопи и еден мобилен телефон од брендот „Ејпл“.

Вкупно 37.500 евра се запленети од страна на мобилните царински тимови, во два одвоени случаи на влез во државата на граничен премин Табановце.

96 кутии цигари без акцизни маркички и 34 ремени за прицврстување товар во товарни возила, се откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Ново Село - се посочува во објавата. 

Еве ја нивната објава:



Фото: Принтскрин/Царинска управа/Фејсбук

Слично

Поврзани вести