Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пардју: Имам доверба дека Ципрас и Заев наскоро ќе постигнат договор

Пардју: Имам доверба дека Ципрас и Заев наскоро ќе постигнат договор

Владите на Зоран Заев и Алексис Ципрас можат наскоро да постигнат решение за спорот за името, во ова верува американскиот дипломат и поранешниот медијатор на САД во конфликтот од 2001 година, Џејмс Пардју. 

„Имам поголема надеж денес, одошто било кога претходно дека спорот за името на Македонија може да се реши наскоро“- вели за Дојче веле, Пардју. 

Тој деновиве е на турнеја низ Европа каде ја промовира својата прва книга посветена на балканските кризи од 1990-те години- „Мировници“. 

„Грција, Македонија, САД и ЕУ не смеат да ја пропуштат оваа можност да замине без успех. Владата на Заев е многу отворена во потрагата по решение и покрај сериозната политичка опозиција, и верувам дека владата во Атина разбира дека ова е најдобрата шанса досега да се постигне кооперативен однос со важен сосед“- вели Пардју.

Дипломатот предупредува дека двете страни треба внимателно да ги разгледаат предностите на евентуалното решение, но и последиците од можниот неуспех.

Вели дека граѓаните не избираат лидери за да се занимаваат со лесните прашања. 

„Секој може да го прави тоа. Вистинското лидерство се дефинира од оние мажи и жени кои се посветуваат на тешките прашања и го прават она што е потребно за нивниот народ на долг рок. Имам доверба дека господата Ципрас и Заев наскоро ќе постигнат договор“- вели Пардју.

Во посета на земјава е грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас кој денеска ќе се сретне со државниот врв. 

По повод неговото доаѓање во Скопје, вчера имаше и протест на повеќе здруженија. 

Слично

Поврзани вести