Економија, финансии, бизнис

Контакт

Парцелите им биле одземени во далечната 1957, а сега некој од нив профитира - поранешните сопственици на Градиште си ги бараат имотите

Парцелите им биле одземени во далечната 1957, а сега некој од нив профитира - поранешните сопственици на Градиште си ги бараат имотите

Поранешните сопственици на автокампот Градиште кај Охрид, со тричасовна блокада на влезот на автокампот, бараат да им бидат вратени парцелите одземени во 1957 година со конфискација од страна на државата. Иако дел од имотот кој бил во сопственост на МПЦ, со законот за денационализација, црквата успеала да си го врати во 2008 година, 36 семејства и околу 150 наследници, 21 година не успеваат во тоа. Наместо тоа, велат, со автокампот стопанисува друг.

„Имаме профитери кои профитираат на нашите имоти и прават големи пари. А, државата од сето тоа нема ништо. Пред два дена добив известување од градежниот инспекторат од Охрид, констатира во моментот 15 дивоградби. Ако се рушеа плажите низ Охрид и Струга, тука имаме уште поголем криминал. Некој замолчува, а криминалот е тука“, вели Ѓоре Танески-барател на имот.

Според протестантите, целиот имот во Градиште се проценува на повеќе од 20 милиони евра. 

Од фирмата закупец на автокампот велат дека стопанисуваат врз основа на уредно склучен договор со закуподавецот ИНЕКС Горица АД Охрид.

„Нашето друштво – закупец на автокампот нема ништо заедничко со барањата за враќање на имотите од страна на поранешните сопственици и ниту на било кој друг начин може да влијае на таа постапка…“, наведуваат од ТД МКМ Нова Трејд ДООЕЛ, Закупец на Градиште.

Слично

Поврзани вести