ПАРАДОКС: Груевски е бегалец по кој се трага ама и пратеник со добра плата
Бегалец но и пратеник со добра плата е во моментов Никола Груевски.
Иако полицијата го бара со потерница, поради изречената казна од две години, тој се уште го има мандатот бидејќи пратениците не му го одземаа.
Џафери како што пренесува Слободен печат, објаснува дека Груевски формално е пратеник додека не се исполнат условите да му се одземе мандатот, без разлика дали е во затвор или бегалец. Ако шест месеци биде неоправдано отсутен од работата во Собранието тогаш за тоа треба да ја известат Комисијата за мандатно-имунитетни прашања и потоа да ја постават оваа точка на гласање, но и тогаш за укинување на мандатот ќе требаат две третини мнозинство.
Ако пак партијата го оправда неговото отсуство, тогаш тој непрестајно ќе биде пратеник се до распуштањето на Собранието, односно до следните парламентарни избори-кажал Џафери.
Како што се наведува платата може да му биде намалена за 5 проценти ако на три седници неоправдано отсуствува.
-За избрани функционери како што е Груевски, Законот за работни односи не важи, според кој работниот однос престанува ако не се појавите три работни дена или ако е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци-вели Џафери.
