Папазов: Ќе бидат изнесени факти и аргументи кои ќе бидат патоказ дека сте на вистинскиот пат кон вистината
Имав две можности на критичнот ден, да ја мобилизирам целата општинска администрација и да се стават во функција на истражните органи, самиот јас да се ставам на располагање на сите надлежни служби и уште една работа, да го одржам најкраткиот колегиум во мојот градоначалнички мандат, со цел овозможување на основни услови за сите потребни активности понатаму. Втората работа која можев да ја направам од личен и човечки аспект од тоа што го видов во тој момент, од тоа што му се случи на мојот, на нашиот град, да поднесам оставка од морални причини, вели обвинетиот за „Пулс“ Љупчо Папазов, кој беше градоначалник за време на пожарот кој одзеде 63 животи.
„Ќе имаме можност да зборуваме повеќе кога ќе ги изнесеме доказите и одбраната во врска со обвинението, само сакам да констатирам дека во оваа судница, како што ветува и самиот почеток, ќе бидат изнесени многу аргументи и факти кои можеби нема да му се допаднат некому, но ќе бидат првиот чекор или првиот патоказ дека сте на вистинскиот патоказ кон утврдување на вистината“, рече Папазов.
