„СИТЕ ПОВРЗАНИ СО ОВОЈ ТРАГИЧЕН НАСТАН ЌЕ СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ“: Тошковски најави нови распити, меѓу нив и вработени во МВР и други институции
И градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов бил повикан на разговор во МВР по вчерашната страшана трагедија која се случи во Кочани.
Ова го објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната пресконференција.
- Македонија ја задеси ужашна трагедија во која животот го загубија 59 луѓе, и уште 155 се повредени. Според проценката во дискотеката имало 500 луѓе, на продадени 250 карти.
- На 16.03 е формиран оперативен штаб, и денес се преземаат мерки за добивање на информации. Направена е координација со сите институции. Увидот го врши Јавното обвинителство, во кој МВР асистираше, како и други надлежни институции. По 17 часот телата на починатите беа пренесени во Судска медицина, и согласно досегашните информации извршена е обдукција на 15 лица. Во критична состојба се вкупно 45 лица и истите се транспортирани во странство во соодветни здравствени установи - укажа Тошковски.
Тој посочи дека огнометот во објектот го донел член на бендот кој и самиот е погинат во несреќата.
- Од извршен разговор со член на бендот, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел член на бендот. За жал лицето е починато. Потерницата е повлечена, бидејќи лицата се обезбедени. Во полициска станица на СВР Скопје и Тетово се приведени пет лица, со кои се обавуваат разговори меѓу кои и поранешен министер. Во 17 часот е издадена наредба од јавен обвинител за претреси во Министертство за економија и одземени се повеќе предмети меѓу кои и оружје. Притоа е констатирано дека правното лице нема важечка лиценца, сопственикот при контрола приложил лажна документација дека добил лиценца од 23.03.2024 година - укажа Тошковски и дополни дека се извршени претреси на повеќе локации, дом и патнички средства и книговодствено биро кај одговорното лице.
Потоа соопшти дека биле приведени 13 лица во полициска станица во Штип, меѓу кои и неформален сопственикот на клубот, лице кое продавало карти во клубот, четири лица кои работеле како обезбедување во објектот, управител на агенција за обезбедување на подружница, сопственик на објектот, три лица од државен пазарен инспекторат, едно лице од трудов инспекторат и уште едно лице поврзано со настанот...
- На 11 лица им е одреден притвот, поради тешки дела по општа сигурност. Во врска со пиротехничките средства, по завршување на увидот, дополнително ќе се утврди дали требало да поседуваат соодветен сертификат на средствата - посочи министерот.
Потоа укажа дека од извршениот увид, констатирани се низа неправилности, во рамки на објектот кој бил користен. Дискотеката не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект наменет е за лесна индустрија, не угостителство. Прекршени се повеќе стандарди за противпожарна заштита, немало излезни врати за евакуација, концеротот народски кажано бил на диво, бидејќи немало договор меѓу организаторот и изведувачите.
- Во однос на тоа дали МВР требало да го обезбедува настанот, Министерството не било известено ниту од организаторите, ниту од било кого дека таков настан ќе се одржи, и МВР нема обврска да покрива таков наста, а со оглед дека не е ниту пријавен во МВР. Има соодветни прописи кои треба да се исполнат за таков наста.
За полициските службеници кои биле во дискотеката, на прашањата дали морало или не морало да има полиција, повторувам, МВР нема обврска да испаќа луѓе во секој ноќен клуб, тоа се прави врз основа на барање на организаторот.
Да вечерта имало контрола, кои проверувале дали имало дрога и малолетници. Полициските службеници кои присуствувале влегле неколку минути пред трагичниот настан. Службеникот кој беше обвинет дека требало да го прекине настанот погинал бидејќи влегувал и излегувал обидувајќи да извлече повеќе лица од објектот.
Другите лица службеници, биле поблиску до вратата и за среќа се спасиле - објасни Тошковски.
Потоа дополни дека МВР не организира настани од ваков карактер, само обезбедува да е мирно ако настанот е пријавен во службите.
За пиротехничките средства, количината на пиротехнички средства, палење огномет, факелијада исто така укажа дека по закон мора да се пријават местото, времето на палење, до службите на местото каде ќе се одржи, но и за тоа нема пријава.
- За жал, како и многу други работи, оваа проблематика е регулирана со стар закон од времето на СФРЈ, и не е донесен нов, а кој со директива на ЕУ ќе треба да се донесе до крај на годинава.
Во однос на работното време, и зошто не била затворена и работела после еден часот по полноќ. Клубови регистрирани како кабареа и слично имаат дозвола за работа од 12 до 04 часот ноќе.
Денеска констатиравме дека системот е многу корумпиран, поврзани се бројни институции кои треба обезбедат спроведување нормални услови за вакви организирани настани - објансни министерот.
Тој дополни дека денеска ќе има голем број разговори со многу вработени во МВР, но и во други институции.
Утрово имале состанок со повеќе институции околу издвањето на дозволата, околу организации на настани, и заклучивме дека Македонија нема систем кој ќе оформи процес за организирање вакви настани, има системски слабоси кои не вршат правилна и потребна контрола за функционирање на нормални настани, особено од овој тип. Ова се однесува и во однос на сите останати ноќни клубови и кабареа во Македонија, ќе бидат спроведени темелни инспекциски контроли, кои ќе треба да ги извадат на површина сите системски пропусти.
- Корупцијата и киминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава, или ќе ја немаме. Мораме да покажеме свесност и одлучност во спроведувањето на сите псотапки кои треба да се преземат, секој еден кој има директна или индиректна вина поврзана со овој кривично правен настан, ќе одговара. Секој еден, поранешен или сегашен - истакна на крајот министерот за внатрешни Тошковски.
На новинарско прашање за апсење или утврдување вина кај градоначалникот на општина Кочани, Тошковски посочи дека бил повикан на разговоро, но дека повеќе детали не може да открива додека трае истрагата.
- Градоначалникот на Кочани беше повикан на разговор и беше извршен разговор со него. Доколку биде утврдена било какква вина против било кој, ќе бидат преземени сите потребни мерки. Од морални причини дали ќе даде отказ, него треба да го прашате, од наш аспект, се што треба да се преземе ќе биде преземено - укажа Тошковски и дополни дека денеска ќе бидат повикани на разговро голем број лица.
