Папата ги кажа впечатоците по посетата на Македонија и Бугарија
Папата Франциск вчера за новинарите во авионот по полетувањето од Скопје кажа кои се неговите впечатоци од посетата на Мaкедонија и Бугарија.
Тој објасни дека тоа се две крајно различни земји. Бугарија, како што вели е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”.
„Бугарија е нација со традиција стара со векови. Македонија, од друга страна, има традиција со векови, но не како држава: како народ, кој на крајот се изборил да формира нација. Се работи за прекрасна борба! рече Папата.
Староста на бугарската нација, Франциск ќе ја спротистави со почетоците на христијанството и посетата на апостолот Павле која според христијаните Македонија е симбол на влезот на христијанството на Истокот. Македонскиот народ е горд на ова, тие не пропуштаат прилика да спомнат дека христијанството влезе во Европа преку нив, преку нивната врата, бидејќи Павле беше повикан од Македонец, рече Папата во своето објаснување. Папата бил импресиониран од калуѓерките на Мајка Тереза во Скопје.
фото Вангел Тануровски
